Аренхарт пристигна во Подгорица, Будуќност доби големо засилување меѓу стативите

Екипата на Будуќност обезбеди големо засилување за наредната сезона, нова ракометарка во клубот е голманката од Бразил, Барбара Аренхарт. Голманката на унгарскиот Вац потпиша двегодишен договор со двократниот шампион на Европа.

Искусната 33-годишна ракометарка најголемиот успех го има постигнато сo репрезентацијата на Бразил на Светското првенство 2013. Во Србија го освои златниот медал и беше прогласена за најдобар голман на првенството.

Прв европски клуб во кој натпуваше Аренхарт е шпанскиот Сагунто од 2007 до 2010 година. После тоа има играно во норвешки Бјасен, три години има поминато во Хипо, а по една година играше во Баја Маре и Никобинг.

На клупски план најголем успех постигна со Хипо во 2013 година кога го освои Купот на победниците на куповите. Од 2016 година Аренхарт ги брани боите на унгарски Вац.

Аренхарт е четврто засилување за црногорскиот првак кој претходно потпиша со Андреа Лекиќ, Алисон Пино и Валерија Маслова.