Аргентинци ќе го судат дуелот меѓу Македонија и Јужна Кореја

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите при разигрувањето за пласман од 25 до 32 место на Светското првенство во Полска и Шведска.

Натпреварот меѓу Македонија и Јужна Кореја ќе го судат арбитри од Аргентина.
Станува збор за Лопез Гриљо и Себастијан Ленци, додека делегат на ИХФ на овој натпревар ќе биде Данецот Ниелсен.

Победникот од дуелот меѓу Македонија и Јужна Кореја ќе го освои 27 место на Мундијалот.

Натпреварот меѓу Македонија и Јужна Кореја ќе се игра вечерва во „Орлен Арена“ со почеток во 18:00 часот.