Аргентински судии за пресметката меѓу Македонија и Тунис

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло во Президент Купот и главната рунда.

Натпреварот меѓу Македонија и Тунис, кој многу веројатно ќе го реши првото место во групата, ќе го судат арбитри од Аргентина.

Станува збор за Паолантони и Гарсија, додека делегат на ИХФ на овој натпревар ќе биде Бразилецот Седрез.

Натпреварот меѓу Македонија и Тунис ќе се игра вечерва во „Орлен Арена“ со почеток во 18:00 часот.