Анчева сама ја победи Гевгелија, даде повеќе од половина голови за Астибо!

Тимот на Астибо во Штип славеше победа над Гевгелија со 24-20 во првиот меч од четвртото коло во плеј-аутот од Женската лига.

Предводничка на штипскиот тим до победа беше Марија Анчева, која постигна повеќе од половина од головите на Астибо, вкупно 13, од кои само два беа од пенал.

Домаќинот беше во предност во поголем дел од првото полувреме, но со еден или два гола разлика, а во финишот на првите триесетина минути успеа да зголеми на 12-9.

Гостинките уште по пет минути останаа без искусната Митревска, која по еден старт заработи директен црвен картон, па се намалија опциите во нападот на Татјана Љатева.

Во второто полувреме избраничките на Дејан Величков набрзина направија предност од плус шест, 18-12 и до крајот само рутински ја задржаа.

Покрај Анчева, Анита Атанасова додаде уште шест гола за штипсккиот состав, додека кај Гевгелија се истакна поранешната репрезентативка на Македонија, Ленче Илкова со седум погодоци.