Анчева даде 18 гола, Астибо триумфално против Скопје

Ракометарките на Астибо предводени од Марија Анчева со 18 гола, славеа против Скопје со 29-27 во 7 коло од плеј-аутот во Женската лига.

Гостинките парираа во поголем дел од првото полувреме, но попуштија во финишот и Астибо направи серија за 15-10 на пауза.

Таквата предност, штипјанки не ја испуштија во вториот дел и прославија победа која им носи второ место на табелата со 22 бода.

Покрај Анчева, во домашниот табор се истакна и Рената Милева со шест погодоци, додека кај Скопје најдобра со девет гола беше Нина Неделковска.