Анчева даде 13 гола, Шампион падна во Штип

Тимот на Астибо предводен од Марија Анчева, славеше против Шампион со 22-19 во натпревар од 5 коло во плеј-аутот од Женската лига.

Штипјанки главната предност ја направија во првото полувреме, кога беше 9-3, а пред паузата зголемија и на 14-7.

Во вториот дел, гостинките од Скопје се обидуваа со сите сили да парираат, намалија на минус три, но немаше време за нешто повеќе.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Марија Анчева со 13 голови, додека по пет гола во составот на Шампион дадоа Сара Трајков и Анастасија Митов.

Во следното коло Шапион игра дома со Кузман Вардар, а Астибо гостува кај Спартак.