Анчева беше незапирлива, но Овче Поле СУ ги грабна бодовите од Штип

Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет славеше на незгодното гостување кај Астибо во Штип со 28-25. Иако домашните ракометарки пружија силен отпор, сепак тимот од Свети Николе се радуваше на триумфот.

Во првото полувреме гостинките најчесто водеа, со еден или два гола разлика, но избраничките на Дејан Величков, предводени од Марија Анчева, секогаш беа „тука некаде“. Со голот на Кировска, пред паузата Астибо израмни на 15-15.

Кон средината на второто полувреме Овче Поле СУ стигна до плус три, 22-19, а таквата предност ја одржа до самиот крај. Иако при резултат 27-25, Астибо имаше неколку прилики да намали, сепак голманката Станчева одбрани и потоа во последниот напад гостинките реализираа за конечна победа со 28-25.

Најдобри стрелци кај победникот беа Марија Галевска со десет и Елена Вучевска со девет погодоци, додека кај Астибо се истакна Марија Анчева со 12 гола, која ги постигна половина од голот на штипскиот тим.