Андоновски: Покажавме дека сме голема екипа

Екипата на Охрид со 25:22 славеше против Бутел во дербито на 8 коло од Супер лигата.

Тренерот на охриѓани, Горан Андоновски, вели дека 60 минути биле подобри од противникот, и во одбрана и во напад, и дека оствариле значајна победа.

„Во текот на целиот натпревар бевме подобри од Бутел, игравме добро во двата правци, имавме мало опуштање на крајот, меѓутоа тоа е нормално. Забележавме голема победа, покажавме дека сме голема екипа, јас тоа го кажав уште пред почетокот на првенството дека оваа екипа ќе оди само нагоре во формата и тоа го покажуваме веќе трет натпревар по ред, трета победа по ред. Продолжуваме да работиме, да бидеме уште подобри, охридската публика да гледа квалитетн ракомет и на пролет, како што гледа и сега. Следно играме со Прилеп, па за две недели повторно едно големо дерби со Алкалоид. Сега веќе се бориме за што повисок пласман на табелата, нема предавање до крај“, изјави Андоновски.

Со победата Охрид му се реваншираше на Бутел за поразот во првото коло, а воедно и го помина на првенствената табела.

Следен предизвик за избраниците на Андоновски е гостувањето кај Прилеп, наредниот викенд.

Охрид ита кон плеј-оф, ги грабна трите бода против Бутел

Ончев: Со храбра и пожртвувана игра се боревме до крај, Озтурк: Ова беше перфектна вечер за нас

Јевтиќ: Сами се победивме, ваков луксуз не смееме да си дозволуваме