Ангеловски игра во животна форма – даде 57 гола на последните пет натпревари!

Поранешниот младински репрезентативец Александар Ангеловски игра во животна форма во Франција.

Втор натпревар по ред Ангеловски постигна двоицфрен број на погодоци. Стружанецот даде 13 гола во поразот на неговиот Белфор кај Ливри Гаргањ од групата 4 во Третата лига.

Претходно на мечот против Бон постигна 14 гола во триумфот на Белфор со 40-32, додека против Трембле беше стрелец на осум гола.

Вкупно на последните пет меча, левиот и среден бек од Македонија успеа да постигне 57 гола, што му го донесоа четвртото место на листата на стрелци во лигата. 34-годишниот Ангеловски досега постигна 142 гола на 22 меча или просек од 6.45 погодоци.

Тој од 2014 година игра во Белфорт, а оваа сезона му е деветта во францускиот клуб. Потекнува од Струга, настапуваше за МРК Вардар, па за Вардар, како и за Куманово и за Зомимак Струмица, а со сите овие екипи играше во европските купови.