Анастасовски најдобар стрелец, Кастриоти ремизираше со Раховец

Екипата на Кастриоти, која е предводена од македонскиот тренер Аце Станковски, во заостанатиот натпревар од 6. коло од шампионатот на Косово не успеа да стигне до победа и ремизираше против екипата на Раховец, 26:26.

Избраниците на Станковски постигнаа гол во последните секунди и се изборија за важен бод, со кој остануваат во трката за пласман меѓу најдобрите три екипи во тамошниот шампионат.

Најефикасен во тимот на Кастриоти беше ракометарот од Македонија, Кристијан Анастасовски, кој постигна пет погодоци и одигра одлично во одбраната.

Кастриоти по осум одиграни натпревари се наоѓа на 4. позиција на табелата со девет бода. Тимот на Станковски во следното коло ќе гостува кај Вучитрин.