АНАЛИЗА НА ГОРАН АНДОНОВСКИ: Да се повика Манасков и класичен дефанзивец – примивме многу голови од Чиле

Секоја чест за пласманот на фудбалерите и на одбојкарите на Европско првенство, но ние сме ракометна земја. Се работи и ќе се работи и ќе излагаат играчи. Ако постои можност мораме да го повикаме Манасков, како и специјалист за одбрана за да се покажеме подобро на теренот. Со класичен дефанзивец ќе биде далеку подобро. Според мене нема да биде никаков проблем дефанзивец да се вклопи иако не тренирал во минатите денови бидејќи сигурно ќе изгледаме далеку подобро со таков играч на линијата од шест метри. Ќе мора многу повеќе да се одмора и Стоилов во одбрана бидејќи ќе ни треба повеќе на средбите од следната рунда и ќе ни треба поодморен.

Заслужена победа за репрезентацијата на Македонија, која денеска беше поквалитетен противник од Чиле. После двата високи порази наречени дебакли беше тешко да се обебеди триумф и против Чиле кој е далеку под квалитетите на Македонија.

Натпреварот го добивме исклучиво на индивидуалните квалитети на Лазаров, кој покрај стрелец денеска уште еднаш покажа дека е невиден асистент. Го имавме Митревски, кој беше одличен на голот, како и Томовски, кој запре два удари од седум метри кога беше најпотребно. Кузмановски се надоврза на оваа игра за разлика од претходните натпревари, кога не беше толку лош колку што беше критикуван. Сепак, денеска имаше доста добар придонес за победата.

Оваа победа ќе допринесе Македонија да се претстави во уште подобро светло од досегашното што беше прикажано на ова Светско првенство. Лично јас и многу Македонци сме против изјавите дека Македонија беше тотален аутсајдер против Шведска и Египет. Па ние самите ги направивме нив светски шампиони, а не е така. Македонија градеше реноме цели 20 години и сега никако не смее и не треба тоа да го испушта. Ние имаме играчи кои можат истото да го задржат.

На голот го имаме еден Митревски, кој заедно со Кинтана е неверојатен двоец во тимот на Порто. Тој е прв голман и постојано покажува дека се работи за неверојатен чувар на мрежата. Тука е Мартин Томовски кој игра во Германија, но исто така покажува и дека брани одлично. Дома е Борко Ристовски така што ние сме покриени одлично со европски голмани.

Додека игра го имаме десниот бек на векот, Кирил Лазаров. Оние што следат повеќе ракомет анаат дека Велковски и Серафимов годинава прикажуваат далеку подобри игри отколку порано и имаат напредок, па не треба да стравуваме за иднината и на оваа позиција. Можеби до лани  мислев поинаку, но сега моето мислење е изменето.

На пивот е Стоилов, кој можеби за ова првенство не е толку подготвен, но факт е дека е квалитет. Пешевски исто така е одличен играч, а тој игра во Бундес лигата. Кузмановски исто така е играч кој настапува во Германија. Крстевски иако игра во Романија покажува дека има квалитет за повеќе. Талески сигурно не заборавил да игра ракомет преку ноќ и треба да се врати психолошки и затоа не треба сите да го напаѓаме. Го имаме и Дејан Манасков на лево крило, а не знам зошто  не е во составот на ова првенство. Покрај нив имаме и ракометари кои настапуваат во Супер лигата и полека се приклучуваат. Ќе повторам. Македонија не е аутсајер против никого и ќе продолжи да нè радува и во иднина.

На денешниот натпревар бевме катастрофални во одбраната. Тактички беше добро поставена и немаше излагање на ниските играчи на Чиле, но немаше никакви странични движења и затворање. Бевме тотално распаднати во одбраната и тука мора да се реагира итно. Мора да се повика да пристигне во Египет Дарко Димитриевски кој игра во Асобал лигата или Милорад Кукоски, кој е класичен дефанзивец. Против една ваква репрезентација на Чиле примивме премногу голови, па затоа не смееме да мируваме туку мора да се реагира. Ако сме немоќни во напад, зошто мора и во одбраната кога имаме добри одбранбени играчи.

Освежување денеска беше Крстевски. Иако Чиле е послаб од другите ривали, се виде дека Крстевски знае добро да го искористи просторот, знае да пушти побрза топка и тоа се почувствува. Се виде дека можеме да играме и знаеме да играме ракомет. Македонија не може да заборави да игра ракомет. Ако пред неколку месеци успеавме да го победиме Исланд на гостински терен, игравме нерешено на домашен терен против истиот ривал со Палмарсон во составот, ние дефинитивно знаеме да играме ракомет. Не може сега ние да бидеме тие што ќе кажуваме дека Египет и Шведска ќе бидат светски прваци. Мора да се цениме самите многу повеќе. Јас се надевам дека после оваа победа ќе почнеме да играме послободно и ќе покажеме дека нема да бидеме аутсајдери. Верувам дека момците ќе дадат повеќе отпор и имаме шанса за да добиеме некој од ривалите.

Ако постои можност мораме да го повикаме Манасков, како и специјалист за одбрана за да се покажеме подобро на теренот. Со класичен дефанзивец ќе биде далеку подобро. Според мене нема да биде никаков проблем дефанзивец да се вклопи иако не тренирал во минатите денови бидејќи сигурно ќе изгледаме далеку подобро со таков играч на линијата од шест метри. Ќе мора многу повеќе да се одмора и Стоилов во одбрана бидејќи ќе ни треба повеќе на средбите од следната рунда и ќе ни треба поодморен.

Велиме и дека сме направиле тотална смена и подмладување на оваа репрезентација. Не се согласувам бидејќи тоа ќе биде направено кога Лазаров ќе рече се повлекувам од терените. Дај Боже да игра уште десетина години. Па Талески и Кузмановски имаат по 25 години, Пешевски има 29… Тогаш какво е тоа подмладување. Од младите играчи го имаме Костески, кој покажува дека ќе биде одлично скандинавско десно крило и него го имаме за следни 15 години.

Репрезентрација не се подмладува со Младеновиќ на трибини, туку на терен. Добро е што се земени и тој и Кузмановски, Костески… да бидат тука и доколку не добијат шанса да играат да учат од другите и да ја почувствуваат атмосферата. Уште се млади и ова ќе биде одлично за нив. Сигурно имаше простор за уште 3-4 други помлади ракометари да бидат во Египет, па само така можемеда зборуваме за подмладување. Инаку, би кажал пример. Подмладување на националниот тим е она што Полска го направи. Таму Олејничек со 19 години е главен среден бек и игра 60 минути, Сичко кој има 23 години е главен шутер. Македонија не смее никако да биде омаловажена. Македонија е ракометна земја и така мора да остане. Секоја чест за пласманот на фудбалерите и на одбојкарите на Европско првенство, но ние сме ракометна земја. Се работи и ќе се работи и ќе излагаат играчи. Со мали корекции сигурно ќе биде подобро.

Тренерската фела не е критична колку што знае и колку што може да биде. Стручниот штаб го познава ракометот и ќе успееме да покажеме подобри игри, но мораме прво самите да се цениме многу повеќе.