АМС ги објави номинациите за најдобрите во 2020 година – во конкуренција РФМ и сениорите

Агенцијата за Млади и Спорт ги објави номинациите за најдобрите во спортот во минатата 2020 година.

Ракометот не беше меѓу најуспешните спортови во минатата година, па затоа нема номинирани ракометари или ракометари во категориите спортист, спортистка и млади спортисти на годината.

Сепак машката сениорска репрезентација е номинирана во категоријата најдобар национален тим, иако со пласманот на ЕП 2020 година, нема никакви шанси во конкуренција на фудбалерите и одбојкарите.

Ракометната федерација е номинирана во категоријата најуспешна федерација, а конкуренти ќе и бидат фудбалската, одбојкарската, теквондо и карате федерациите.