Аморим: Многу плачам, сакав да си заминам од Ѓер со уште една титула

Репрезентативката на Бразил и ракометарка која во минатото има играно во Кометал Ѓорче Петров, Едуарда Аморим заврши со настапите во тимот на Ѓер, а се раздели со тимот со 3. место во Лигата на шампионите.

Таа играше 12 години за тимот на Ѓер со кој дојде до неколку трофеи, но не успеа со титула да го напушти трофејниот клуб. Екипата на Ѓер беше поразена во полуфиналето од Брест после изведувањето на пенали, додека во битката за 3. место ракометарките на шампионот на Унгарија беа подобри од ЦСКА Москва со 32:21.

„Последните 12 години беа фантастични, па затоа многу плаќам што ќе морам да си заминам. Навистина сакав да освојам уште една шампионска титула во Лигата на шампионите, но ова е спорт. Благодарна сум за поддршката и мило ми е што го зазедовме барем третото место. Сега е тажен момент, но јас сум благодарна за сè“, вели Аморим.

Македонскаа снаа следната сезона ќе игра во редовите на Ростов Дон така што одново ќе има можност да биде дел од Лигата на шампионите.