Амбициозни планови: Сакаме да ја освоиме ЛШ три пати до 2030 година!

Тимот на Рапид Букурешт има големи амбиции за натпреварувањата во Лигата на шампионите и има за цел да ја освои елитата три пати до 2030 година.

Ова го изјави претседателот на клубот Богдан Василиу во интервју за порталот „Диги спорт“ по повод стогодишнината на спортското друштво.

Рапид Букурешт во далечната 1964 година ја има освоеното титулата во најквалитетното еворпско натпреварување.

На европска сцена ја има освоено и Лига на Европа (1993), како и Европскиот Куп (2000).

Минатата сезона по пауза од речиси 17 години се врати во Европа, играше во Лигата на шампионите и стигна до четвртфиналето, во кое беше елиминиран од актуелниот шампион Вајперс Кристијансад.

Романскиот вицепрвак и следната сезона ќе биде дел од елитата, откако доби вајлд-карта од европската ракометна куќа.