Ал Ахли и без Дејвис до полуфинале, ќе излезе на мегдан на Магдебург

Новиот стратег на египетскиот Ал Ахли, Давид Дејвис, не го води тимот на Супер Глоуб, но и без него овој состав успеа да стигне до полуфиналето на неофицијалното светско клупско првенство.

Ал Ахли триумфираше во решавачкиот меч за полуфиналето против освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Бенфика, со минимални 29-28.

Во борба за финале, Ал Ахли ќе се соочи со гигантот Магдебург, кој немаше проблеми и го победи Ал Калеј со 35-29.

Покрај овие два тима, во второто полуфинале ќе се соочат полскиот Келце и шпанска Барселона, а тоа ќе биде реприза од финалето во Лигата на шампионите.