Алушовски: Тажен сум што загубивме, но среќен сум што се движиме во позитивна насока

Вардар загуби од унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед со 26-28 во заостанатиот натпревар од Лигата на шампионите.

Тренерот Стевче Алушовски смета дека промашените пенали во решавачките минути беа клучни за поразот.

„Честитки за ПИК Сегед. Овие бодови беа важни за нив, но и за нас. Моите играчи дадоа се од себе, одигравме мможеби еден од најдоб рите натпревари оваа сезона. Тажен сум што загубивме, но среќен сум што одиме во позитивна насока со мојата екипа. Промашивме три пенали и неколку контри во клучните моменти, па тука гостите ја направија клучната разлика, иако овој натпревар можеше да заврши во наша корист. ПИК Сегед е екипа што претендира секоја година на Ф4“, вели Алушовски.

Следен предизвик за македонскиот тим ќе биде гостувањето кај истиот ривал на 18 февруари.