Алушовски: Среќен сум што ќе работам со луѓе – победници!

Новата 2020 година официјално е отворена од страна на ракометарите на Вардар кои ја имаа првата прозивка во СЦ „Јане Сандански“. Дел од играчите недостасуваа на првиот тренинг поради обврските со своите репрезентации на ЕП.

Првиот тренинг во 2020 беше и прв за тренерот Стевче Алушовски кој по 10 години повторно е дел од „црвено-црните“. Сега на клупата како прв стратег.

„Среќен сум што сум дел од Вардар, како европски шампион. Спомените се тука. Малку е изменет амбиентот кога јас играв и сега со овој спортски објект, и со она што го има освоено клубот. Среќен сум што ќе работам со оваа група на луѓе што се победници. Треба да се запознаеме, едно е гледање на натпревари, друго е на тренинг. Секој што ќе заслужи и ќе покаже на тренинг ќе добие шанса. Имаме 30 натпревари и ќе треба доста да ротираме и да се чуваме за најважните натпревари“, вели Алушовски.

Вардар сезонава брани три трофеи, во домашното првенство, СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.