Алушовски со Тор до нова победа на Исланд

Тимот на Тор Акурејри, каде што тренер е Стевче Алушовски, а каде што игра Томислав Јагуриновски, забележа нова победа на Исланд.

Тор беше подобар на домашен терен од Венгир Јупитерс и славеше со пет голови разлика, 28-23.

Јагуриновски не играше на овој натпревар бидејќи има ситна повреда, што го спречи да настапи и за националниот тим против Египет.

Тор сега има осум бода и се наоѓа на четвртото место на табелата во Втората лига на Исланд, а следниот викенд ќе гостува кај Селфос.