Алушовски: Се боревме до последниот атом и покажавме карактер во клучните моменти

Ракометарите на Вардар по долг период од четири месеци забележаа победа во Лигата на шампионите.

Беше совладан норвешкиот Елверум со 35-32, а тренерот Стевче Алушовски смета дека во клучните моменти, неговите избраници покажаа карактер.

„Честитки за моите момци за вториот триумф за втората победа во ЛШ: Бевме поприсебни, поискусни во клучните моменти, па и посреќни од ривалот. Отворивме лошо во првиот дел, со 11 промашени шутеви. Нивниот голман беше расположен, па затоа имавме негатива по првиот дел. Одигравме во вториот дел до последниот атом, честитам на момците за пожртвуваноста, борбеноста во финишот, покажавме карактер“, изјави Алушовски.

Следен предизвик за вардарци ќе бидат дуелите против Мотор во СЕХА на 27 февруари, додека во ЛШ, следува дуел со Мешков Брест на 4 март во Скопје.

Ефикасно и победнички: Вардар се разбуди, после четири месеци со триумф во Лигата на шампионите