Алушовски: Промашувањата во клучни моменти се причина за поразот

Вардар загуби вторпат во пет дена од унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, овојпат со 34-33.

Стратегот Стевче Алушовски вели дека како и во Скопје, промашените шанси во клучни моменти беа причина за поразот.

„Честитки за ПИК Сегед. Тие одиграа добар натпревар. Ние постигнувавме лесни голови во првиот дел, но во првите петнаесетина минути од вториот дел немавме идеја во нападот. Пробавме седум на шест, но промашивме во клучните моменти и мислам дека тоа е причината за поразот. На крајот ПИК Сегед славеше на овој меч“, изјави Алушовски.

Следните два меча, Вардар ќе ги игра на домашен терен против норвешкиот првак Елверум.