Ракометарите на Вардар ги очекува натпреварот против унгарскиот ПИК Сегед во рамките на Лигата на шампионите.
Стратегот Стевче Алушовски вели дека тимот патува за Унгарија без притисок, но и без бело знаме и ќе се обиде да се врати со позитивен резултат.
„Не чека нов дуел со ПИК Сегед. Анализиравме каде грешевмме на првиот дуел, знаеме каде треба да поправиме, како во напад така и во одбрана. Имаме мали проблеми со повреди на играчите. Голманот Ристовски има повреда на коленото и нема да игра во Сегед, но без секој се мора и се може. Ќе одиме без притисок таму, но без бело знаме. Видовме во Скопје што значи играње пред празни трибини, па унгарскиот тим нема да ја има поддршката од навивачите. ПИК Сегед е фаворит, но ние сме без шанси и ќе пробаме да се вратиме со позитивен резултат“, вели Алушовски.
Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра утревечер со почеток во 18:45 часот.