Алушовски: Овие момци се родени победници!

После победата на пенали против ППД Загреб, екипата на Вардар си обезбеди и осмо финале на деветте Ф4 турнири во СЕХА. Тренерот Стевче Алушовски може да биде задоволен бидејќи в недела ќе игра со своите момци во финале.

„Добро ја отворивме средбата додека имавме свежина во нападот и додека Кристијан Дисингер одигра како знае и умее. Ни се повторија грешките во игра 6 на 5. место да отидеме на позитива ние направиме грешка и дозволивме 0:4 така што се загубивме. Загреб беше подобар противник 52 минути. Одбраната не беше толку лоша колку што игравме лошо во нападот. Потоа постигнавме некој лесен гол, имаше и одбрани на Ристовски. Покажавме карактер. Овие момци се родени победници. Му честитам на Загреб за победата. Знам колку е тешко, но тоа е спортот“, изјави Алушовски на денешниот прес.

Тој коментирше и за она што претстои в недела кога во финалето ќе има дуел против Веспрем.

„Веспрем годинава е фаворит во финалето. Тоа е една екипа која е составена од одлични играчи кои се светски ѕвезди во светот на ракометот. Нема да излеземе со бело знаме. Ќе се обидеме да дадеме најдобро што можеме од нас“, рече Алушовски.

Финалето се игра в недела од 20:30 часот.