Алушовски и Пелистер постигнаа 68 голови – нерешено и на полувреме, и на крај

акометарките на Алушовски во 8. Коло од Женската лига на домашен терен одиграа нерешено со Пелистер 34:34. Иако гостите од Битола имаа фаворитска улога на овој дуел не успеаја да стигнат до бодовите.

По првиот дел ниту една од екипите не успеа да создаде предност и на одмор заминаа со израмнет резултат 16:16. И во продолжението не се променија работите многу и на крајот двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.

Во составот на Алушовски најпрецизн беше Ана Георгиевска со 13 гола, додека Дона Алушовска постигна шест. За екипата од Битола убедливо најефикасна беше Марија Анчева со 14 погодоци, а Анастасија Белевска постигна седум.

АЛУШОВСКИ – ПЕЛИСТЕР 34:34 (16:16)

Сала: ОУ Круме Кепевски во Скопје. Судии: Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски. Делегат: Мамер Реџепи.

АЛУШОВСКИ: Стојковска, Алушовска 6, Георгиевска 13, Петковска 2, Трајановска, Николовска 5, Ангелковска 2, Божиновска, Тодоров, Велигденова 1, Ристовска, Милошоска, Младеновска, Димитријоска, Мисовска, Костадиноска.

Седмерци: 4/6. Исклучувања: 10 мин.

ПЕЛИСТЕР: Талевска, Милослављевиќ, Белевска, Анчева, Стојанова, Соколеска, Јанкуловкса, Босиловкса, Кајческа, Наумовска, Нечовска, Каковска, Раиф, Огненова, Јанкуловска, Богоевска.

Седмери: 1/2. Исклучвања: 6 мин.