Алушовски: Играчите се испразнети по она што се случи вчера, но…

Вардар во драматичен натпревар од полуфиналето во СЕХА лигата славеше со 30-29 над Загреб по изведувањето на седмерци.

Тренерот Стевче Алушовски знае што му фали на Вардар, но е уверен дека процесот наскоро ќе заврши и „црвено-црните“ ќе го доситгнат нивото на кое сме навикнати да ги гледаме.

„Втор натпревар во кој на крај успеваме да излезе како победници, иако губевме, но напорно работиме, полека ја дигаме формата од ден на ден. Видовте дека имаме големи проблеми во играта во напад, кој се провлекува во сите натпревари. Мора да пробаме најдобро што можеме да одиграме, момците се испразнети по она што се случуваше вчера. Немаме време за одмор, морам да се фокусираме на следниот меч. Ќе го анализираме Веспрем, а вечер имаме и тренинг. Не би сакал да бидам погрешно сфатен, но имаме проблем на десната бековска позиција. Ни фали во нападот поголема продорност, немаме шут од надвор, секоја грешка противникот ни ја казнува, иако не сме толку лоши во одбрана. Ни претстои процес, да се работи уште повеќе и ќе пробаме да извлечеме максимум“, вели Алушовски за 24Ракомет.

Финалето меѓу Веспрем и Вардар се игра утре во салата „Крешимир Ќосиќ“ во Задар со почеток во 20:30 часот.