Алушовски: Голот предност од Нашице ќе биде доволен да се пласираме на Ф4

По шесте пријателски натпревари против македонски екипи, тимот на Вардар утре ќе го одигра првиот официјален натпревар од новата сезона.

Во Скопје доаѓа хрватскиот Нексе Нашице на реванш четвртфинален дуел од регионалната СЕХА лига.

Тренерот Стевче Алушовски вели дека овој натпревр ќе биде различен од оној во Нашице.

„Ова ќе биде комплетно различен натпревар од првиот. Загубивме многу играчи што играа во Нашице во март, но добивме многу нови. Капитенот Стоилов нема да биде со нас поради позитивниот тест на коронавирус. Имаме гол предност од првата средба и верувам дека ќе биде доволно да се најдеме на Ф4. Ќе биде чудно да играме пред празни трибини, но ќе направиме се да пласираме на завршниот турнир. Нексе го има истиот тим од лани со тројца нови играчи, но нивниот систем на игра е ист“, вели Алушовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе Нашице се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.