Алонсо ќе има 21 ракометар во ростерот на Мешков, ЦСКА Москва и Азоти ќе го „глумат“ Вардар

Тимот на Мешков Брест на 1 јули ги започна подготовките за новата сезона. Ракометарите најпрво направија тестови на коронавирус, а потоа следуваа и тестовите за физичката подготовка.

Момците на Раул Алонсо тренираат надвор од сала, а кон средината на јули ќе започнат и со тренинзите во сала. Шпанскиот стратег во првиот состав на Мешков приклучи и четворица младинци, па ќе има 21 ракометар.

Ростер на Мешков Брест за 2020/2021

голмани: Пешиќ, Мацкевич, Усик
леви бекови: Санталов, Шкуринскиј
средни бекови: Скубе, Обрановиќ, Малус, Силко
десни бекови: Будејко, Паниќ, Пачковски, Вергејчик
леви крила: Јуринок, Разгор, Томашук
десни крила: Баранов, Вајлупов
пикери: Шумак, Селвасјук, Врањеш

Пред првиот дуел од Лигата на шампионите против Вардар на домашен терен на 16 или 17 септември, белорускиот тим ќе одигра низа пријателски средби – на 5 август во Брест против ЦСКА Москва, а на 7 и 8 против полскиот Азоти Пулави.

Планирано е учество и на турнирот во Москва, каде ќе игра уште една екипа покрај домаќинот ЦСКА. Во првиот викенд од септември можеби ќе се одржи и завршниот турнир во СЕХА, па доколку биде потврдено местото на Вардар, овие две екипи би можеле да играат и во Задар.