Алборг тестираше пред настапот во европската елита, загуби од бундеслигашот Лајпциг!

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите, Алборг, во претходниот период одигра неколку контролни натпревари.

Данскиот вицепрвак тестираше со Скјерн и Холстебро, како и со бундеслигашот Лајпциг. Ракометарите на Алборг против Скјерн и Холстеро забележаа победа со 35:28, односно 31:26.

Избраниците на Стефан Мадсен во дуелот против Лајпциг беа поразени со седум гола разлика, 40:33. На 18 август, тимот на Алборг ќе ги тестира силите против поранешниот европски шампион Фленсбург.

Алборг во Битола ќе гостува на 28 февруари, 2024 година, додека првиот дуел меѓу македонскиот шампион и данскиот тим ќе биде одигран на 20 септември во Данска.