Алборг се спаси од срамен пораз во данскиот шампионат!

Екипата на Алборг во рамки од 11. коло од данскиот шампионат потешко од очекуваното дојде до победа против тимот на Холстебро, со резултат 26:23 (9:12)

Холстебро, кој моментално е позициониран на 8. позиција во најквалитетното натпреварување во Данска, пружи силен отпор против еден од тимовите кои атакуваат на место меѓу најдобрите во Лигата на шампионите и до финишот беше во игра за освојување на барем бод.

Поискусниот тим не дозволи сензација и во клучните моменти успеа да ги освои планираните бодови, со кои се зацврсти на првата позиција на табелата и дојде до 21 бод, додека второпласираниот ГОГ на свое конто има 18 бодови.

Најефикасни во Алборг со по пет погодоци беа Себастијан Бартхолд и Феликс Клар, а  четири реализации имаше Арон Палмарсон.

Алборг пред дуелот против Нант, кој ќе биде одигран на 23 ноември, ќе одигра уште три натпревари од домашниот шампионат.