Алборг и Мелгард во љубов до 2024 година

Данскиот вицепрвак Алборг објави дека е продолжена соработката со еден од најдобрите ракометари во тимот, левиот бек Хенрик Мелгард.

Тој пристигна во Алборг од ПСЖ пред четири сезони и остави силен впечаток, па челниците му понудија нова соработка која ќе трае најмалку до 2024 година.

„Не беше тешко да решам да останам во ваков фантастичен проект. Секогаш имав идеја дека треба да ја завршам кариерата во Алборг“, вели Мелгард.

37-годишниот дански репрезентативец и претходно има настапувано за Алборг од 2009 до 2012 година, а беше дел и од Колдинг, Скјерн и катарската Лехвија.