Ако сте ракометен фан, ова мора да го имате – РАКОМЕТЕН КАЛЕНДАР ЗА 2021 ГОДИНА

Годината што измина сигурно нема да ја паметиме по резултати на нашите ракометни екипи и репрезентации. Но во 2021 година, очекуваме повеќе радости од оние што не навикнаа на тоа – ракометарите и ракометарките.

Не чекаат настапот на машката селекција во квалификациите за ЕП 2022 со Данска, Финска и Швајцарија, на женската селекција во квалификациите за бараж за СП 2021 и дуели од ЕХФ Еврокупот против Црна Гора, Словенија и Норвешка. Машката кадетска репрезентација ќе биде активна на ЕХФ шампионатот во Македонија, младинците нема да имаат акција, додека женската младинска ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот, а женската кадетска ќе биде дел од ЕХФ шампионат во Грузија.

Покрај натпреварите од европските купови, Лигата на шампионите и Лигата на Европа, во кои напролет ќе имаме три претставници – Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург, тука се и дуелите од СЕХА лигата на битолчани и „црвено-црните“. На клупска сцена, тука се стандардните натпревари во Супер лигата и Женската лига, во Првата лига, како и во Купот на Македонија, плус дуелите од сите младински натпреварувања под капата на РФМ, кои се надеваме ќе се одиграат оваа сезона. Ако се оди според планот, суперлигашите, прволигашите и женските тимови би требало да стартуваат со дуелите во последните денови од февруари.

Во средината на овој месец би требало да се одиграат стартните натпревари во Купот на Македонија во машка конкуренција, вториот викенд од април ќе бидат четвртфиналните двобои, додека на средината на мај се завршните турнири во двете конкуренции. Но сепак РФМ треба да реши во каков формат ќе се игра Купот оваа сезона. Во Првата лига исто така ќе завршат дуелите во првиот викенд во јуни, а баражот за пополнување на Суперлигата ќе се одржи викендот потоа.

Ќе бидат актуелни и завршниците во сите европски купови. Круна на сезоната би требало да бидат Олимписките игри, кои ќе се одржат во Токио. На крајот на август би требало да се одржи и традиционалниот Струшки турнир, а во септември не очекува почетокот на новата сезона во сите европски купови, како и Супер Глоуб во Саудиска Арабија и во Кина. Не чека и стартот на новите сезони во македонските шампионати, како и во регионалните конкуренции. На почетокот на декември на програмата ќе биде и Светското првенство во женска конкуренција во Шпанија.

Нè очекува навистина ракометна година, со надеж дека македонските клубови и репрезентации, ќе бидат на пиедесталот кога ќе се делат трофеите во најсилните натпреварувања. Во продолжение е преглед на натпревари и првенства по месеци…

06.јан ЕП 2022 мажи Квалификации за ЕП, 3 коло
09.јан ЕП 2022 мажи Квалификации за ЕП, 4 коло
09.јан жени Лига на Европа, 1 коло
09.јан жени Лига на шампиони, 10 коло
09.јан жени Куп на ЕХФ, осминафинале, 1 натпревар
13.јан СП 2021 мажи Египет
16.јан жени Лига на Европа, 2 коло
16.јан жени Лига на шампиони, 11 коло
16.јан жени Куп на ЕХФ, осминафинале, 2 натпревар
19.јан ждрепка жени Куп на ЕХФ, четвртфинале, полуфинале
23.јан жени Лига на Европа, 3 коло
23.јан жени Лига на шампиони, 12 коло
01.фев Вардар Нексе СЕХА лига, група Б, 2 коло
04.фев Порто Вардар Лига на шампиони, 9 коло
06.фев Загреб Еурофарм Пел. СЕХА лига, група А, 2 коло
06.фев жени Лига на Европа, 4 коло
06.фев жени Лига на шампиони, 13 коло
09.фев ПСЖ Вардар Лига на шампиони, 6 коло
09.фев мажи Лига на Европа, 7 коло
09.фев Металург Тулуз Лига на Европа, 7 коло
09.фев Татабања Еурофарм Пел. Лига на Европа, 7 коло
10.фев мажи Лига на шампиони, 11 коло
10.фев Фленсбург Вардар Лига на шампиони, 11 коло
13.фев Мотор Запорожје Вардар СЕХА лига, група Б, 1 коло
13.фев жени Лига на Европа, 5 коло
13.фев жени Лига на шампиони, 14 коло
13.фев мажи Куп на ЕХФ, осминафинале, 1 натпревар
13.фев жени Куп на ЕХФ, четвртфинале, 1 натпревар
14.фев ПИК Сегед Вардар Лига на шампиони, 3 коло
16.фев мажи Лига на Европа, 8 коло
16.фев Висла Плоцк Металург Лига на Европа, 8 коло
16.фев Еурофарм Пел. ГОГ Гудме Лига на Европа, 8 коло
17.фев мажи Лига на шампиони, 12 коло
17.фев Вардар ПИК Сегед Лига на шампиони, 12 коло
20.фев жени Лига на Европа, 6 коло
20.фев мажи Куп на ЕХФ, осминафинале, 2 натпревар
20.фев жени Куп на ЕХФ, четвртфинале, 2 натпревар
21.фев Вардар Елверум Лига на шампиони, 2 коло
23.фев мажи Лига на Европа, 9 коло
23.фев ждрепка мажи Куп на ЕХФ, четвртфинале, полуфинале
23.фев Фајверс Металург Лига на Европа, 9 коло
23.фев Еурофарм Пел. Рајн Некар Лига на Европа, 9 коло
24.фев мажи Лига на шампиони, 13 коло
24.фев Елверум Вардар Лига на шампиони, 13 коло
26.фев Еурофарм Пел. Татран Прешов СЕХА лига, група А, 3 коло
28.фев Војводина Вардар СЕХА лига, група Б, 3 коло
02.мар мажи Лига на Европа, 10 коло
02.мар Металург Адемар Леон Лига на Европа, 10 коло
02.мар Кадетен Шаф. Еурофарм Пел. Лига на Европа, 10 коло
03.мар мажи Лига на шампиони, 14 коло
03.мар Вардар Мешков Брест Лига на шампиони, 14 коло
06.мар жени Лига на шампиони, осминафинале, 1 натпревар
10.мар ЕП 2022 мажи Квалификации за ЕП, 3 коло
10.мар Македонија Данска Квалификации за ЕП, 3 коло
12.мар ОИ 2020 мажи квалификации
12.мар ЕП 2024 мажи претквалификации
12.мар СП 2021 младинци квалификации
13.мар жени Лига на шампиони, осминафинале, 2 натпревар
13.мар ЕП 2022 мажи Квалификации за ЕП, 4 коло
14.мар Данска Македонија Квалификации за ЕП, 4 коло
17.мар Металопластика Еурофарм Пел. СЕХА лига, група А, 4 коло
19.мар Вардар Мотор Запорожје СЕХА лига, група Б, 4 коло
19.мар ОИ 2020 жени квалификации
19.мар жени Квалификации за СП
19.мар Македонија Исланд Квалификации за СП, 1 коло
20.мар Македонија Литванија Квалификации за СП, 2 коло
20.мар мажи Куп на ЕХФ, четвртфинале, 1 натпревар
21.мар Македонија Грција Квалификации за СП, 3 коло
23.мар мажи Лига на Европа, осминафинале, 1 натпревар
24.мар Нексе Нашице Вардар СЕХА лига, група Б, 5 коло
25.мар Еурофарм Пел. Загреб СЕХА лига, група А, 5 коло
27.мар жени Лига на Европа, четвртфинале, 1 натпревар
27.мар мажи Куп на ЕХФ, четвртфинале, 2 натпревар
27.мар жени Куп на ЕХФ, полуфинале, 1 натпревар
30.мар мажи Лига на Европа, осминафинале, 2 натпревар
31.мар мажи Лига на шампиони, осминафинале, 1 натпревар
03.апр Татран Прешов Еурофарм Пел. СЕХА лига, група А, 6 коло
03.апр жени Лига на Европа, четвртфинале, 2 натпревар
03.апр жени Лига на шампиони, четвртфинале, 1 натпревар
03.апр жени Куп на ЕХФ, полуфинале, 2 натпревар
04.апр Вардар Војводина СЕХА лига, група Б, 6 коло
06.апр ждрепка жени Лига на Европа, Ф4
06.апр ждрепка жени Куп на ЕХФ, финале
07.апр мажи Лига на шампиони, осминафинале, 2 натпревар
10.апр жени Лига на шампиони, четвртфинале, 2 натпревар
10.апр мажи СЕХА лига, осминафинале, 1 натпревар
13.апр ждрепка жени Лига на шампиони, Ф4
13.апр мажи Лига на Европа, четвртфинале, 1 натпревар
14.апр мажи СЕХА лига, осминафинале, 2 натпревар
15.апр ЕП 2022 жени ждрепка квалификации
16.апр СП 2021 жени бараж, 1 натпревар
17.апр мажи Куп на ЕХФ, полуфинале, 1 натпревар
20.апр мажи Лига на Европа, четвртфинале, 2 натпревар
20.апр СП 2021 жени бараж, 2 натпревар
22.апр ждрепка мажи Лига на Европа, Ф4
23.апр ЕХФ конгрес Луксембург
24.апр мажи Куп на ЕХФ, полуфинале, 2 натпревар
27.апр ждрепка мажи Куп на ЕХФ, финале
28.апр ЕП 2022 мажи Квалификации за ЕП, 5 коло
28.апр Финска Македонија Квалификации за ЕП, 5 коло
30.апр СП 2021 кадети квалификации
01.мај жени Куп на ЕХФ, финале, 1 натпревар
02.мај ЕП 2022 мажи Квалификации за ЕП, 6 коло
02.мај Македонија Швајцарија Квалификации за ЕП, 6 коло
04.мај мажи СЕХА лига, четвртфинале, 1 натпревар
06.мај ЕП 2022 мажи ждрепка
08.мај Ф4 2020/2021 жени Лига на Европа
08.мај жени Куп на ЕХФ, финале, 2 натпревар
12.мај мажи Лига на шампиони, четвртфинале, 1 натпревар
14.мај мажи СЕХА лига, четвртфинале, 2 натпревар
15.мај мажи Куп на ЕХФ, финале, 1 натпревар
19.мај мажи Лига на шампиони, четвртфинале, 2 натпревар
22.мај Ф4 2020/2021 мажи Лига на Европа
22.мај мажи Куп на ЕХФ, финале, 2 натпревар
25.мај ждрепка мажи Лига на шампиони, Ф4
28.мај Ф4 2020/2021 мажи СЕХА лига
29.мај Ф4 2020/2021 жени Лига на шампиони
12.јун Ф4 2020/2021 мажи Лига на шампиони
23.јун СП 2021 младинци Унгарија
08.јул ЕП 2021 младинки Словенија
10.јул ЕХФ 2021 младинки Италија/Македонија
23.јул ОИ 2020 мажи/жени Јапонија
16.авг СП 2021 кадети Грција
05.авг ЕП 2021 кадетки Црна  Гора
07.авг ЕХФ 2021 кадетки Грузија/Литванија
15.авг ЕХФ 2020 кадети Македонија/Бугарија/Летонија
19.ное ЕХФ конгрес мажи/жени доделување ЕП 2026/2028
01.дек СП 2021 жени Шпанија