Ако нешто пропуштивте: Погледнете во три минути како Вардар го реши Монпелје (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар се враќаат со голема победа од гостувањето во Франција кај Монпелје откако денеска дојдоа до триумф од 28:25.

Вардар беше во предност во текот на сите 60 минути и постојано имаше контрола. Ова беше една од најдобрите средби одиграна сезонава, а Давид Дејвис покажа дека може да го води Вардар до успеси и до одлични резултати.

Доколку нешто пропуштивте вчера тогаш можете да го видите најдоброто во видеото од три минути во кои се споени одличните моменти од доминацијата на Вардар против Монпелје. Тоа можете да го видите на следниот ЛИНК.