Ако ги минат четвртфиналните пречки, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се разминат на Ф4 во СЕХА

Македонските тимови Вардар и Еурофарм Пелистер првите официјални натпревари пред стартот на новата сезона ќе ги имаат на крајот на август.

Вардарци и пелистерци ќе играат во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига, на домашен терен ќе бркаат место на Ф4 во Задар.

Ривал на Вардар е хрватскиот Нексе Нашице, а мечот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 23 август од 20:15 часот, додека битолчани ќе се соочат со Мешков Брест на 25 август од 20:15 часот во „Боро Чурлевски“.

Доколку ги минат четвртфиналните пречки, двата македонски тима нема да играат меѓусебе на завршниот турнир во Задар.

Ако Вардар и Загреб обезбедат место на Ф4, тогаш Тимур Дибиров би можел веднаш да игра против довчерашниот клуб.

СЕХА лига, четвртфинале:

  • Татран Прешов – Веспрем
  • Вардар – Нексе Нашице
  • Војводина – Загреб
  • Еурофарм Пелистер – Мешков Брест

СЕХА лига, полуфинале:

  • Татран Прешов – Веспрем / Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
  • Вардар – Нексе Нашице / Војводина – Загреб