Ако вардарци и пелистерци ја минат следната пречка во СЕХА, ќе патуваат во Русија и Белорусија!

По одигрувањето на последните две средби од групната фаза меѓу Партизан и Татран Прешов, ќе бидат познати сите четвртфинални парови од дивизијата „Југ“ во регионалната СЕХА лига.

Раководоството на дивизијата „Исток“, каде што играат руските и белоруските клубови го објави распоредот со датуми за следната фаза, односно четвртфиналните парови меѓу најдобрите осум екипи од двете дивизии.

Доколку двата македонски претставници ги минат четвртфиналните пречки во дивизијата „Југ“ ќе вкрстат со шампионите на Русија и Белорусија, Чеховски Медведи и Мешков Брест.

Еурофарм Пелистер заврши на второто место во групата А, додека Вардар (многу веројатно) ќе заврши на истата позиција во групата Б ако не се случи чудо, па ќе гледаме два српско-македонски двобои.

Битолчани се многу блиску до двомеч со Партизан, додека вардарци би се соочиле со српскиот шампион Војводина.

Со оглед на суспензијата на руските и белоруските клубови од Европската ракометна федерација, за четвртфииналните средби меѓу екипите од двете дивизии, ќе треба и дополнителна дозвола од Европската ракометна федерација.

СЕХА лига, дивизија „Југ“, четвртфинале:

први натпревари:
4 април, 3Б – Веспрем
30 март, Нексе – Загреб
5 април, 2Б – Војводина
4 април, Еурофарм Пелистер – 1Б

втори натпревари:
11 април, Веспрем – 3Б
4 април, Загреб – Нексе
12 април, Војводина – 2Б
12 април, 1Б – Еурофарм Пелистер

СЕХА лига, дивизија „Југ“/дивизија „Исток“, четвртфинале:

први натпревари, 14-17 април:
Веспрем/3Б – Пермски Медведи
Загреб/Нексе – СКА Минск
Војводина/2Б – Мешков Брест
Еурофарм Пелистер/1Б – Чеховски Медведи

втори натпревари, 21-22 април:

Пермски Медведи – Веспрем/3Б
СКА Минск – Загреб/Нексе
Мешков Брест – Војводина/2Б
Чеховски Медведи – Еурофарм Пелистер/1Б

* можни се промени на датумите на четвртфиналните средби меѓу екипите од двете дивизии поради евро настапите на Веспрем, Нексе и Војводина.