Аеродром со подобар финиш против Преспа, ги зачува бодовите дома

Ракометарите на Аеродром остануваат во добра позиција за пласман во плеј-офот, а новата победа дојде против екипата на Преспа со 27:25 така што беа обезбедени значајни три бода.

Во текот на сите 60 минути имаше резултатска неизвесност. Предноста која некоја екипа успеа да ја направи не беше поголема од два гола. Имаше постојана тензија во однос на резултатот така што ниту еден тим не можеше да биде сигурен дека успеал да дојде до триумф. Аеродром го доби завршниот дел од првото полувреме и успеа на одмор да замине со 12:11.

Второто полувреме одново донесе интересен и израмнет тек. Така беше речиси до крајот бидејќи во последните моменти од  од натпреварот се влезе со 25:25, а потоа домашните со два гола по ред успеаја да го решат побендикот.

АЕРОДРОМ – ПРЕСПА  27:25 (12:11)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

АЕРОДРОМ: Трајчевски, Г. Блажевски, Павличковски, Ивановски, Стојчевски, Лефковски 3, Василевски, Стевановски, Серафимовски, Маркудов 2, Спасовски 9, Стојановски 4, Пешевски, С. Блажевски 2, Стојчевиќ, Танев 7.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 8 мин.

ПРЕСПА: Ставревски, Котевски, Шиклевски 10, Шабединовски, Ѓоргиевски, Јошевски 6, Мазниковски 3, Салевски 4, Тунтевски 1, Стефановски, Даскаловски 1.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 10 мин.