Прволигашот со суперлигашки амбиции Аеродром, се чини ќе биде најголем фаворит во борба за место во елитата следната сезона. Најново засилување за тимот предводен од Дарко Петровски е левиот бек од тимот на РК Алушовски, Мартин Табаковски.
Претходно Аеродром ги обнови договорите со најискусните Мурат Куртановиќ, Марио Лефковски и Андреј Маркудов, а професионален договор потпиша левото крило Давид Стефановски. Дојде и Драган Рачевски, среден бек од РК Алушовски, кој претходнон играше и во Металург.
Претходно уште двајца од младинските школи на Аеродром, потпишаа професиоанални договори – пикерот Симон Симоновски и централниот бек Славе Ивановски.
Покрај нив двајца, Аеродром се засили со левото крило Климент Ефтимов, десното крило Димитар Михајлов, како и десниот бек Иван Попов, кои доаѓаат од Металург 2 а претходното беа дел од Торо Спорт од Виница.