Аеродром го отвори плеј-офот со победа

Ракометарите на Аеродром стигнаа до првите три бода на почетокот на плеј-оф сeзоната откако го совладаа тимот на МРК Куманово со 29:26.

Аеродром имаше нешто порасположени ракомеари кои знаеја како да се изборат за трите бода. После стартното надигрување и минути во кои имаше неизвесност следуваше преземање на контрола на играта на домашните. Тие го контролираа резултатот, но на паузата имаа само гол предност од 12:11.

Вториот продолжи израмнето, а како се доближуваше средбата кон крајот веќе немаше дилеми кој ќе победи. Домашниот состав успеа да дојде до плус пет при 25:20, а имаше пет разлика и подоцна при 28:23 така што во последните минути дојде до опуштање, но победата не беше доведена во прашање.

Со ова Аеродром тргна на патот кон првото место кое единствено води кон баражот за Супер лигата, а дефинитивно е јасно дека ова ќе биде многу интересна сезона во која нијанси ќе решаваат за победниците на секој од натпреварите.

АЕРОДРОМ – МРК КУМАНОВО              29:26 (12:11)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

АЕРОДРОМ: Куртановиќ, Павличковски, Богдановски, Ивановски, Михајлов 10, Наумовски, Табаковски 3, Попов, Маркудов 3, Рачевски 3, петрески 1, Стојановски, Пејковски, Ефтимов 4, Гогов, Митревски 5.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 10 мин.

МРК КУМАНОВО: Кимевски, Димитријевски, Клековски 1, Димковски, Димитров 1, Кузмановски, Денковски 2, Цветковски 6, Спасиќ 3, Петрушевски, Трајчевски, Стошиќ 2, Даневски, Стојмановски, Тасевски 11, Поповски.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 12 мин.