Аеродром го засили тимот, но потпишува и нови договори (ФОТО)

Екипата на Аеродром се подготвува за продолжението на сезоната, а покрај тоа што веќе се ангажирани неколку нови ракометари се потпишуваат нови договори и со ракометарите чии договори се пред истекување.

Веќе е договорено да се продолжи соработката со Давид Олтовски, Илија Пејковски, Мартин Павличковски и Марко Богдановски. Покрај нив договор доби и Андреј Петревски, кој доаѓа од младинската школа на клубот.

Исто така договор доби и Дамјан Митев, ракометар кој исто така потекнува од школата на Аеродром, а е брат на репрезентативецот Марко Митев. Дамјан дебитираше за првиот тим сезонава, но сега добива стандардно место меѓу најдобрите.

Покрај потпишувањето на овие договорот, тимот на Аеродром преговара и со уште 2-3 ракометари за да го засили тимот во трката за место во плеј-офот и битката за обезбедување на пласман во Супер лигата следната сезона.