Адемар Леон ослабен на мегдан со Металург

Следниот протвник на Металург во Лигата на Европа е Адемар Леон, но во пресрет на овој дуел шпанскиот тим се соочува со повредени ракометари.

Натан Суарез, Хозе Марио Карилјо и Олег Киселев се неизвесни за настап и најверојатно ќе ги пропуштат следните натпревари на Адемар Леон меѓу кои е и дуелот со Металург.

Суерез во понеделник треба да го има контролното тестирање на коронавирус и дури потоа би добил дозвола да се врати во тимот, сепак со оглед на долгиот период на отсуство неизвесно е дали ќе биде во ростерот за дуелот во Лигата на Европа.

Киселев продолжува со индивидуални тренинзи после повредата и тој сè уште не е подготвен за враќање во тимот. Крилото Хозе Марио Карилјо се опоравува од операцијата на коленото и понатаму ќе биде надвор од екипата.

Единствен играч од повредените кој би можел повторно да биде во тимот е младинскиот репрезентативец на Шпанија, Алекс Лодос кој после две операции на коленото веќе би можел да се врати на ракометот.

Натпреварот на Адемар Леон и Металург на програмата е во вторник на 17 ноември во Шпанија со почеток во 20:45 часот.