Повеќе од 1.000 македонски навивачи се очекува да бидат присутни во хрватскиот град Вараждин, каде ќе се игра една од групите на Светското првенство.
Дел од нив веќе пристигнаа во фан-зоната, односно во пивницата „Медина Шкриња“, која ќе биде збирното место пред и по натпреварите во „Вараждин Арена“.
„Среќно на Светското првенство, а ние ќе се потрудиме да бидеме најдобри домаќини на сите навивачите и се надеваме дека во нашиот Вараждин ќе се чувствувате како дома. Добре ни дојдовте!“, напишаа од пивницата.
Пивницата е оддалечена од „Вараждин Арена“ околу 2,6 километри, со автомобил се стигнува за 6 минути, додека пешки треба да одите околу половина час.
Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а првиот меч го играме утревечер од 20:30 часот против Унгарците.