📷 Коси кубеа, нокти гризеа – Циндриќ и Карачиќ од трибини ја „преживуваа“ битката за ТОП 4!

Иако губеше со четири гола разлика на пет минути до крајот, сепак Хрватска успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство.

„Коцкестите“ ја совладаа со 31-30 селекцијата на Унгарија во драматична завршница со голот на Марин Шипиќ.

Навивачите во преполната „Арена Загреб“ беа сведоци не невидена драма, а меѓу нив беа и играчите што не беа дел од мечот.

Игор Карачиќ, Лука Циндриќ, Ловро Михиќ, Верон Начиновиќ…цел меч „коси кубеа и нокти гризеа“, но на крајот се израдуваа на конечниот исход.