Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер имаше добра партија на гостувањето кај ПСЖ во првата рунда од Лигата на шампионите, но и покрај тоа загуби со 31-29.
Лидер на битолчани беше капитенот Филип Кузмановски, кој постигна осум погодоци во мрежата на Паличка.
Еден од нив беше вистински проектил, кој сигурно ниту двајца голмани немаше да можат да го одбранат.
„Сите во Париз можеа да го чујат овој шут на Филип Кузмановски“, напишаа од ЕХФ на социјалните мрежи.
Погледнете го голот што ќе се памети по мечот со ПСЖ…
View this post on Instagram