Јакобсен ги врати Тофт Хансен и Линдберг за дуелите со Македонија

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен се одлучи за 18 ракометари за двомечот со Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Јакобсен во тимот ги врати ветераните Хенрик Тофт Хансен и Ханс Линдберг, додека повратник е и Ласе Мелер. Затоа, пак, ќе ги нема Сван, Олсен и Захаријасен.

Без разлика на сè светскиот првак Данска има силен тим, а самиот факт што поголемиот дел од играчите кои дојдоа до титулата на Мундијалот во Египет.

Натпреварите меѓу Македонија и Данска се играат на 11 март во Скопје и на 14 март во Алборг.

Во составот на Данска се најдоа:

ГОЛМАНИ: Никлас Ландин (Кил), Кевин Мелер (Барселона), Емил Нилсен (Нант)

КРИЛА: Магнус Ландин (Кил), Емил Јакобсен (ГОГ), Јохан Хансен (Хановер), Ханс Линдберг (Фуксе Берлин)

ПИВОТИ: Хенрик Тофт Хансен (ПСЖ), ;агнус Саугструп (Алборг), Симон Халд (Флензбург)

БЕКОВИ: Хенрик Мелгард (Алборг), Микел Хансен (ПСЖ), Мадс Мензах (Флензбург), Ласе Андерсон (Фуксе Берлин), Николај Орис (Бјерингбро), Матијас Гидсел (ГОГ), Јакоб Холм (Фуксе Берлин), Ласе Мелер (Флензбург).