Швајцарија остана и без првиот голман – Портнер не оди за Данска, за Македонија под прашалник

Репрезентацијата на Македонија в среда игра против Финска на домашен терен, а потоа в сабота гостува во Шафхаузен каде што ќе ги одмери силите со Швајцарија.

Откако денеска се појави информација дека првиот пивот на Швајцарците, Ален Милошевиќ нема да може да настапи поради тоа што тој е во карантин заедно со комплетниот негов тим, Лајпциг и ги пропушта двете средби.

Од истите причини првиот голман на Швајцарците, Никола Портнер исто така не може да дојде навреме односно нема да биде на терен на првиот дуел против Данска. Тој нема да патува со колегите, па Швајцарија ќе биде ослабена за тој дуел.

Според информациите постојат мали шанси да може да настапи на средбата против Македонија в сабота. Сепак, за тоа се чекаат позитивни вести од тимот на Шамбери каде што деновиве завршува карантинот.