И Швајцарија со проблеми, еден од пикерите во карантин

Репрезентацијата на Швајцарија која на 7 ноември ќе ја пречека Македонија во 2. коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, се соочува со проблеми за натпреварите со Данска и Македонија.

Пивотот Ален Милошевиќ е во карантин заедно со уште неколку колеги од Лајпциг бидејќи дел од колегите му се позитивни на Ковид 19.

Како дел од мерка за внимателност ракометарите на тимот на Лајпциг влегоа во домашен карантин. Сите членови на овој тим се тестираат постојано, а при последното тестирање позитивен беш тренер Андре Хабер. Другите резултати се негативни, но одлучено е сите да се најдат во карантин.

Сепак, после враќањето од гостувањето кај Штутгарт напшравени се нови тестови на кои имало позитивни случаи и меѓу ракометарите, па сите се во домашен карантин.

Меѓу ракометарите се и неколку репрезентативци кои нема да можат да одговорат на повикот на селекторите на своите земји. И тие остануват во карантин, па пивотот Ален Милошевиќ не е во можност да игра ниту против Данска ниту против Македонија.

Другите ракометари кои не можат да се отповикаат на своите репрезентации се: Филип Вебер (Германија), Марко Мамиќ (Хрватска), Мациг Гебала (Полска) и Кристијан Саверас (Норвешка).