Чувара: Од Дибиров можам многу да научам, а секоја шанса од тренерот – ќе ја искористам

Новото лево крило во Вардар доаѓа од Полска, а станува збор за репрезентативецот Јан Чувара.

Тој доаѓа првпат во Македонија и настапот за Вардар ќе му биде прво интернационално искуство.

„Јас сум првпат во Македонија, Скопје ми се допадна. Среќен сум што сум овде. По крајот а минатата сезона, сакав да заминам од Полска. Добро е што Патрик Валчак е овде, тој ми помогна во сите работи и сите сакаат да ми помогнат од стартот. Се надевам дека ова ќе биде добра сезона за нас. Тимур Дибиров е легенда. Можам да научам многу од него, се надевам дека кога тренерот ќе ми даде шанса, ќе успеам да ја искористам“, вели Чувара.

Вардар ќе продолжи со подготовки на Златибор, а потоа ќе игра на турнирите во Струга и Магдебург, пред двомечот од четвртфиналето на СЕХА лигата.