Четири победи во десет дена – Вардар го додаде и Бутел Скопје на победничкиот список

Ракометарите на Вардар после победите против Мешков Брест, Еурофарм Пелистер и Алборг, го додадоа и Бутел Скопје на списокот откако денеска го совладаа како гости со 34:27.

Кој ќе победи на овој дуел беше јасно многу рано бидејќи после краткиот период во кој домашните парираа следуваше резултатско одвојување во кое тимот на Вардар созададе предност за мирно продолжение на натпреварот.

Клучните моменти дојдоа при водство на Вардар од 8:7. Тука следуваа неколку минути во кои домашните не можеа да најдат пат кон голот на Томовски. Со пет гола во серија вардарци стигнаа до 13:7 и на тој начин се изборија за плус шест, разлика која им даваше сигурност и можност за мирно продолжение на натпреварот.

Оваа разлика остана до крајот на првиот дел, а во овие 30 минути беа постигнати вкупно 32 гола (13:19).

Второто полувреме мина главно во израмнета игра. Гостите не форсираа туку ја чуваа предноста и како само да го очекуваа крајот од натпреварот за да дојдат до новите три бода. Во ниту еден момент не беше загрозена победата и прашањето беше само кој ќе биде конечниот резултат.

Предноста на Вардар беше доволно висока да може да се одигра мирно до крај така што на крајот немаше никакво изненадување, а ракометарите на Бутел Скопје заслужија пофалби за борбеноста. Сепак, Вардар беше тимот кој знаеше да го контролира резултатот и да дојде до заслужени бодови.

27 - 34
Конечен резултат

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1327Пораз
ВАРДАР 19611934Победа

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Наум Симјановскиголман00
6Јовица Младеновскилев бек21
7Томче Стојановскилев бек00
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек01
10Марко Митевцентрален бек00
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило13
17Бојан Спасовскидесен бек11
20Саша Пуљизовиќ-07
26Градимир Чаневскиголман01
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќ-03
34Кристијан Василевскипивот01
64Мирко Мајиќлево крило04
94Денис Тотдесен бек05
96Кристијан Давитковскидесен бек00
 Вкупно 427

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Томислав Јагуриновскидесен бек12
5Стојанче Стоиловпивот00
7Патрик Валчакпивот10
8Јоел Куни Моралесдесен бек04
9Гоце Георгиевскидесно крило01
11Мартин Карапалевскицентрален бек01
12Мартин Томовскиголман00
21Давид Савревскидесен бек11
28Филип Талескилев бек04
31Тимур Дибировлево крило07
33Стефан Крстевскицентрален бек01
45Дарко Ѓукиќдесно крило04
47Анте Кудузлев бек14
55Стефан Атанасовскипивот02
97Марко Мишевскилев бек13
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 534

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
НИКОЛОВСКИ АЦО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР13120136
2ВАРДАР 196113120136
3БУТЕЛ13100330
4ПРОЛЕТ1380524
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21372423
6ТИКВЕШ 20141370621
7ОХРИД1361619
8МЕТАЛУРГ1360718
9ПРИЛЕП1340912
10СТРУГА1331910
11РАДОВИШ1310123
12СКОПЈЕ 20201300130