Екипата на Фленсбург во екот на сезоната го засилува својот тренерски тим со многу познато ракометно име. Во иднина на Мајк Макула освен помошникот Марк Булт ќе му помага и двократниот европски шампион со репрезентацијата на Данска, Ларс Кристијансен.
Данецот е легенда на бундеслигашот, тој помина 14 години во Фленсбург и за тој период одигра 626 натпревари и постигна 3996 гола. Дресот со број 15 е засекогаш доделен на Кристијансен и е повлечен од користење на екипата.
Кристијансен во Фленсбург пристигнува како замена за Глен Солберг кој реши да преземе нов предизвик и во иднина ќе ја предводи репреентацијата на Шведска. Играчката кариера 47 годишниот Данец ја заврши пред седум години во екипата на Колдинг.