Домаќини на Светското првенство 2025 во женска конкуренција ќе бидат Германија и Холандија. Ракометните федерации на овие две земји веќе ги објавија градовите и арените каде што ќе се играат натпреварите.
Дортмунд, Штутгарт и Трир ќе бидат градовите домаќини во Германија, додека во Холандија натпреварите ќе се играат во Ротердам и Хертогенбуш.
Во Дортмунд репрезентациите домаќин ќе биде арената „Вестфаленхалe“, која е со капацитет за 12.000 гледачи.
Германија се покажа како одличен домаќин кога ги организираше Светските првенства кај дамите во 1965, 1997 и 2017 година. По три години, односно во 2025, заедно со Холандија ќе го организираат големиот настан, во кој ќе учествуваат 32 репрезентации.
Завршните натпревари ќе се играат во Холандија, која во 1971 и 1986 година беше домаќин на Светското првенство во женска конкуренција. Финалниот викенд ќе се игра во Ротердам, во новата арена што може да прими повеќе од 16.000 фанови.