Фаворитите за мундијалски медал фаќаат победнички залет

На контролни дуели кои денеска беа одиграни во рамки на подготовките за настап на Мундијалот во Шпанија имаше интересни средби, а Данска без проблем дојде до убедлива победа од 35:18 против селекцијата на Украина. Избраничките на Јеспер Јенсен на Мундијалот во Шпанија се едни од главните фаворити за освојување на медал, па затоа нивните настапи се следат со посебно внимание.

Во рамките од Интерспорт купот, уште еден фаворит за освојување на титулата во Шпанија, Норвешка, забележа висок триумф против Јужна Кореја со 35:23. На истиот Куп, репрезентацијата на Русија доживеа пораз од актуелниот светски шампион, Холандија со три гола разлика, 32:29.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ, РЕЗУЛТАТИ

ДАНСКА – УКРАИНА 35:18 (17:9)

НОРВЕШКА – ЈУЖНА КОРЕЈА 35:23 (11:13)

ХОЛАНДИЈА – РУСИЈА 32:29 (16:11)

ЧЕШКА – ИСЛАНД 27:25 (15:12)

АВСТРИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 30:31 (16:11)

ШПАНИЈА – ПОЛСКА 32:25 (16:14)

ГЕРМАНИЈА – СЛОВАЧКА 32:25 (13:14)

НОРВЕШКА Б – ШВАЈЦАРИЈА 27:22 (17:11)

СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА 33:25 (20:10)

ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА 29:21 (15:10)