Екипата на Вардар в среда од 18:45 часот ќе ги одмери силите со екипата на Алборг во 5. коло од Лигата на шампионите, а ова ќе биде интересен дуел на кој ќе мора да се одигра најдобро што може за да се потврди добрата форма.
На овој дуел се делегирани судии од Унгарија. Правдата ќе ја делат Адам Биро и Оливер Киш.
Делегат ќе биде добро познатиот Марек Горалчук од Полска. Тој пред повеќе од една деценија беше еден од најдобрите судии во светот.
Во моментов екипата на Вардар има пет поени и се наоѓа на 5. место. Ист број бодови имаат и Пик Сегед и Монпелје кои се две односно една позиција повисоко на табелата во Групата А во Лигата на шампионите. Првите две места ги контролираат Алборг и Кил.